Добредојдовте во Лајка.

Јавно претпријатие за благосостојба на животни скитници ЛАЈКА – Скопје

За нас

Нашите основни цели се да го намалиме и контролираме бројот на бездомни кучиња преку кастрација и стерилизација на репродуктивно способните единки, да иницираме и поттикнуваме вдомување на бездомните кучиња и да работиме на зголемување на јавната свест за тоа што подразбира одговорно сопствеништво на миленик – куче. 

Причините за настанување на овој комунален проблем се ниското ниво на свест кај граѓаните за благосостојбата на животните, недостатокот на соодветна законска регулатива, како и ограниченото спроведување на постоечката регулатива.

Сите релевантни истражувања наведуваат на фактот дека главниот извор на бездомната популација на кучња се домашните кучиња, кои неодговорно се чуваат од страна на граѓаните и нерегулираното производство на нивни легла.

Последни новости

Како да направите бокс и куќичка за кучиња?

Стани инфлуенсер за кучињата од ЈП Лајка!

Ноември- месец за вдомување на повозрасни кучиња

Кај нас можете да најдете кучиња од секаков раст, карактер и возраст. Независно дали барате куче кое бара поголема активност или сталожен миленик, кај нас ќе го направите правилниот избор. Сите кучиња кои се достапни за вдомување се здрави, стерилизирани или кастрирани, микрочипирани, со негативен тест за лишманија по акредитирана метода и вакцинирани против беснило.

Кучиња достапни за вдомување

Вдомени кучиња

Заловување

Заловувањето на бездомни кучиња се врши од страна на квалификувани лица на начин кој нема да предизвика болка или страдање кај животното. ЈП Лајка – Скопје врши заловување на бездомни кучиња плански и по пријава од граѓани. 

Откако ќе се залови, кучето прво се прегледува од страна на доктор по ветеринарна медицина, се вршат законски пропишаните испитувања и тестирања, по што, доколку се констатира дека кучето е здраво, се врши стерилизација односно кастрација и вакцинација против беснило.

Сите заловени кучиња се микрочипираат и видливо се обележуваат со ушна маркица. Кучињата кои го поминале хуманиот третман се објавуваат за вдомување, а доколку не се вдомат, се враќаат на локацијата од каде што се заловени.

Волонтирај