ВДОМИ КУЧЕ ОД ПРИФАТИЛИШТЕТО НА ЈП ЛАЈКА И ДОБИЈ БЕСПЛАТЕН ГРУМИНГ ЗА НОВИОТ МИЛЕНИК ВО CENTRAL BARK

ЈП Лајка и груминг салонот Central Bark започнуваат заедничка соработка со цел поттикнување и промовирање на кампањата за вдомување на куче од прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА. Од 01.02.2023година секое вдомено куче од прифатилиштето на ЈП Лајка, ќе добие ваучер за БЕСПЛАТЕН груминг во Central Bark. Заедно градиме култура за вдомување [...]

Повеќе

КУЌИЧКА ОД ВАС Е НАДЕЖ ЗА НАС, ЈП ЛАЈКА И ИВО НЕЛОСКИ ВО ЗАЕДНИЧКА ХУМАНА ИНИЦИЈАТИВА

ЈП Лајка заедно со младиот талентиран Иво Нелоски, студент на Акредитираната програма за графички дизајн при Semos Education кој го изработи ова прекрасно креативно решение, започнуваат една хумана иницијатива. Идејата на овој проект е да се поттикнат добрите луѓе кои ги сакаат кучињата и се грижат за своите маалски миленици, [...]

Повеќе

ОД КУЧЕ СКИТНИК, ДО ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛ! Проект за ЈП Лајка од младата студентка Матеа Кантурска по графички дизајн

Во соработка со Semos Education младата талентирана студентка од академијата за графички дизајн, Матеа Кантурска, изработи серија од три креативни постери со порака “Вдоми куче, вдоми љубов!” Постерите носат една позитивна порака и имаат за цел да ги поттикнат граѓаните да вдомат куче од прифатилиштето на ЈП Лајка. Вдомeте бездомно [...]

Повеќе

УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПОВРЕДЕНО КУЧЕ НА ЗАЛОВУВАЧКИОТ ТИМ НА ЈП ЛАЈКА ВО СОРАБОТКА СО КАНЕ КОРЗО

По добиена пријава од страна на граѓани на социјалните мрежи за повредено куче, денес заловувачкиот тим на ЈП Лајка веднаш се упати на точната локација во близина на техноцентарот Алфи, во скопската населба Автокоманда, каде оваа млада женка била забележана со тешка повреда и крв на главата. По многубројни обиди [...]

Повеќе

ШТО ВКЛУЧУВА ХУМАНИОТ ТРЕТМАН НА КУЧИЊАТА ВО ЈП ЛАЈКА?

Хуманиот третман на згрижените кучиња во прифатилиштето на ЈП Лајка вклучува:  крвна слика;  тест за лишманија по единствена акредитирана метода (кој е задолжителен согласно годишната наредба на Агенцијата за храна и ветеринарство);  терапија против внатрешни и надворешни паразити;  вакцинација против заразни болести  вакцинација против беснило;  кастрација/стерилизација, микрочипирање;  обележување со ушна [...]

Повеќе

337 ВДОМЕНИ КУЧИЊА ОД ЈП ЛАЈКА ЗА ЕДНА ГОДИНА

Тимот ЈП Лајка, активистите и здруженијата за заштита на животни, изминатата година им најдоа дом на 337 кучиња, како во нашата земја, така и надвор од нејзините граници. Продолжуваме со нашата успешна соработка и оваа 2023 година, со цел среќен дом на што повеќе бездомни кучиња. [...]

Повеќе

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СИТЕ ХУМАНИ ГРАЃАНИ

Со цел да излеземе во пресрет на граѓаните кои се грижат за своите маалски миленици, доколку во нивното населено место има бездомни кучиња кои немаат ушна маркица, односно го немаат поминато хуман третман, ги повикуваме да ги донесат во прифатилиштето на ЈП Лајка. Потребно е претходна најава на електронската адреса info@lajka.com.mk [...]

Повеќе

КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ОД СТУДЕНТИТЕ ОД СЕМОС ЕДУКАЦИЈА ВО СОРАБОТКА СО ЈП ЛАЈКА

Како да се биде среќен? Чекор 1: Вдоми куче. Чекор 2: Сакај го како дел од семејството. Кучињата нè учат на безусловна љубов, лојалност и искрено пријателство. Semos Education, како општествено одговорна компанија и пријател на ЈП ЛАЈКА – Скопје, директно учествува во нивната мисија – вдомување на кучиња преку [...]

Повеќе

Како можеш да придонесеш за спречување на порастот на бездомните кучиња

Биди совесен граѓанин и придонеси за заедницата во спречување на проблемот со бездомните кучиња. Неконтролираното зголемување на популацијата нa бездомни кучиња е резултат на неодговорно сопствеништво. [...]

Повеќе

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ НА БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА ОВОЈ БОЖИЌ

Во пресрет на Божиќните празници, кога трпезите во нашите домови се богати со храна, помислете на бездомните кучиња кои не по своја вина лутаат во потрага по храна и топло засолниште овие денови. Бидете хумани, отворете ги влезовите од зградите каде живеете или згрижете ги во некој дел во вашите [...]

Повеќе