За нас
ЈП Лајка – Скопје е ново јавно претпријатие основано од Град Скопје кое извршува дејност од посебен јавен интерес за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување на систем за контрола на популацијата на кучиња. Работата на прифатилиштето се базира врз законска рамка со голем осврт на активности кои прифатилиштето ги воспоставува за поттикнување на одговорно сопствеништво кон домашните миленици. Со спроведување на програмата за работа на ЈП ЛАЈКА ќе биде првата алатка во синџирот за решавање на проблемот со бездомни кучиња и нивно вдомување за една среќна приказна со цел поттикнување на граѓаните да вдомуваат од прифатилиштето.
- Го намалуваме бројот на бездомни кучиња
- Третираме и се грижиме за бездомни кучиња
- Иницираме вдомување со цел помал број на бездомни кучиња
Хуман третман
Сервис на граѓани
Центар за вдомување

Секој граѓанин кој сака да пријави бездомно куче за хуман третман својата пријава треба да ја испрати на електронската адреса info@lajka.com.mk.
Задолжително во прилог потребно е да се испрати: име и презиме, контакт телефон, фотографија од кучето и кратко инфо за него.
За повеќе информации можете да не контактирате на телефоните: 02 256 58 59 или на 071 219 925.
Вдомувањето на бездомно куче е хумано дело, секое вдомено куче значи едно куче помалку на улица. Бездомните кучиња се неверојатно миленици, нивната љубов е неопислива, искрена и верна, тие без сомнение не прават поемпатични, поодговорни и потолеранти.
Сите кучиња што би можеле да ги вдомите од нашето прифатилиште имаат комплетна документација. Воедно истите се прочистени и со направен целосен третман за безбедно вдомување.
Прифатилиштето на ЈП Лајка нема обврска и одбива да излезе на терен да залови мајки со млади или кучиња помлади од 7 месеци, бидејќи истите спаѓаат во најризичната група на приемчивост кон заразните вирусни болести кои имаат висок процент на морбидитет и морталитет поради големата агломерација на кучињата со различна имунолошка состојба, како и тешкото искоренување на потенцијалниот фактор на раст на концентрација и зголемена вируленција на истите во ограничен затворен простор.