Рамбо има околу 5 години и со најтажната приказна што ќе ја чуете досега.
Рамбо, заедно со Џанго беа сопственички кучиња чиј сопственик починал и така завршија кај нас.
Неодамна за жал и после кратко боледување го изгубивме Џанго кој му беше се на Рамбо и затоа е повеќе од итно да му најдеме дом каде што ќе добие љубов и утеха.
Рамбо е мал раст, мешанче од џек расел териер и е супер куче за активна фамилија.
Одлично се сложува со луѓе но е помалку недоверлив со непознати кучиња.