Донација од италијанска организација за заштита на животни која пристигна денес во ЈП Лајка.

Со огромна радост сакаме бескрајно да се заблагодариме за донацијата во храна од неверојатни 780 килограми од италијанската организација за заштита на животни ENPA – Ente Nazionale Protezione Animali Odv која пристигна денес во ЈП Лајка.
Препознавањето на важноста која нашето прифатилиште ја има од организации надвор од границите на нашата држава е само поттик за нас да продолжиме да го вложуваме нашиот максимум во спроведувањето на хуманиот третман до последното бездомно куче на улиците на нашиот град ❤️
Од името на секое кутренце во ЈП Лајка – огромно благодарам за полните мешиња!