ВАСЕ, КУЧЕТО СО ФИЗИЧКИ ХЕНДИКЕП ВДОМЕН УСПЕШНО ВО СЕМЕЈСТВО ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
Васе е едно од фамилијата кучиња (Вини, Вил, Вилма, Ване и Вуди) кои ја имаа среќата да бидат вдомени во Велика Британија. Ване е роден со рахитични нозе, па поради негиот физички недостаток има потешкотии во движењето со двете предни нозе. Неговиот физички хендикеп, што неретко знае да биде пречка за вдомување, во овој случај беше пресуден за неговото семејство да се одлучи да го вдоми. Желбата и мотивот да му подарат подобар живот на Ване е пред се поради фактот што во ова семејство живее девојка која боледува од церебрална парализа.
Сара која има 16 година, боледува од церебрална парализа, па како резултат на својата болест има потешкотии во движењето и не може да се движи на долги дистанци.
Од моментот кога Васе е дел од нивниот дом, Сара е исклучително трпелива со него, од самиот почеток секојдневно пробувала да му се доближи внимателно и да си игра со него. Некои денови Васе ја прифаќал поканата, некои денови целосно ја игнорирал, но Сара продолжила да биде упорна, со што денес Васе е нераздвоен од неа и го обожава нејзиното друштво.
Додека си играат заедно, Васе знае да и скокне, но никогаш не ја бутка и не ја става неговата тежина врз неа.
Заедно го користат домашниот лифт, кој им го олеснува пристапот до двата спрата од нивниот дом, па обожаваат заедно да се возат во него.
Нивната поврзаност е исклучителна, двајцата се надополнуваат и уживаат заедно што доволно говорат фотографиите и видеатљ што нивното семејство ги сподели со нас.
Се надеваме дека и во иднина, во низата на успешно вдомени кучиња од прифатилиштето на ЈП Лајка, ќе има уште многу вакви емотивни и сречни приказни.