Ветеринарна служба
Ветеринарните практики кои се спроведуваат во прифатилиштето се однесуваат на: клинички преглед на кучињата при нивниот прием, лабораториско испитување на крвта, ветеринарно - медицинска терапија, вакцинални протоколи за беснило и други заразни болести, дехелминтизација, стерилизација/кастрација, обележување со ушна маркица и микорочипирање. Воедно се спроведуваат сите законски мерки предвидени со годишната наредба на Агенцијата за храна и ветеринарство за здравствена заштита на животните.
Целосен третман
Целиот хуман третман вклучува: крвна слика, 4Д тест, тест за лишманија по единствена акредитирана метода (кој е задолжителен согласно годишната наредба на Агенцијата за храна и ветеринарство), терапија против внатрешни и надворешни паразити, вакцинација против заразни болести и беснило, кастрација/стерилизација, микрочипирање, обележување со ушна маркица, престој и ресоцијализација.