🐶ЈП „Лајка“ се приклучува на заедничката пролетна акција на Градот Скопје, активно ќе делуваме за разрешување на проблемот со бездомните кучиња 🐶
ЈП “Лајка”, во следниот период активно ќе се вклучи во акцијата на Град Скопје за заедничко делување во пролетната акција во координација со Градот Скопје и јавните претпријатија, во сите скопски општини.
Акцијата започнува денеска во општина Кисела Вода, ЈП „Лајка“ проактивно ќе делува во поглед на разрешување на проблемот со бездомните кучиња. Преку овие активности заеднички ќе придонесат во превенција односно спречување на порастот на популацијата на бездомни кучиња во оваа скопска општина.
Ќе бидат таргетирани неколку клучни локации во општина Кисела Вода: Расадник, Рампа и населба Драчево.
Сите заловени кучиња ќе го поминат хуманиот третман, а потоа и бидат објавени на социјални мрежи и официјалната веб страна на прифатилиштето на ЈП “Лајка”, со цел да им се овозможи шанса за вдомување.
Во овие активности може да се приклучат и помогнат граѓаните, а воедно и апелираме до сите жители на оваа општина кои имаат маалски миленици на кои им е потребна стерилизација/кастрација, дека можат да ги испратат своите пријави на електронската адреса info@lajka.com.mk.🐶
