11 АПРИЛ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МИЛЕНИЦИТЕ
Како дел од големата кампања “Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!” во соработка со Зоолошка градина-Скопје, ЈП Лајка се приклучува кон одбележување на 11 Април, Меѓународниот ден на милениците. Со одбележувањето на овој ден сакаме да ја истакнеме важноста во однос на грижата кон бездомните животни, придобивките од вдомувањето на бездомно куче правејќи хумано дело, а истовремено придонесувајќи за општото јавно добро во однос на намалување на популацијата на бездомни кучиња низ улиците на Скопје. Прифатилиштето на ЈП Лајка изминатите 4 месеци направи значаен исчекор преку најразлични кампањи, настани и медиумски гостувања во однос на подигнување на културата за вдомување на бездомни кучиња, вдомувајќи над 130 прекрасни кучиња од прифатилиштето на ЈП Лајка. Продолжуваме и понатаму со истата мисија и заложби.