21 МАРТ – ДЕН НА ПРОЛЕТТА И ЕКОЛОГИЈАТА
Убавото сончево време ни го најави и првиот ден на пролетта. Пролетта е веројатно најубавото годишно време не само за милениците, туку и за нивните сопственици, па ЈП Лајка ви препорачува да ги искористите престојните топли денови за прошетки со вашето куче. Посетете го Градскиот парк, подарете му неколкучасовно задоволство во природа на вашето куче со цел да се ослободи од вишокот енергија, да ужива трчајќи и играјќи на отворено.
Секоја прошетка на отворено е од витално значење за секое куче. Редовното шетање на вашето куче го подобрува нивното здравје со тоа што ја држи нивната телесна тежина под контрола, го намалува стресот и лошото однесување.
Постојат многу забавни активности кои можете да ги правите заедно со вашето куче за време на пролетниот период, играње со фризби, топчиња, заедничко трчање итн.
Воедно сакаме да ве потсетиме дека започнувањето на пролетната сезона значи водење грижа и превенција на вашите миленици од болви и крлежи. Не заборавајте да им ставите соодветна заштита, како ампула или огрлица.
21 март истовремено е и ден на ЕКОЛОГИЈАТА, па во таа насока би сакале да апелираме до сите граѓани кои имаат миленици, да го собираат нивниот измет кога ги шетаат во природа во специјални кесички за таа намена или пак во обични кои може да бидат соодветна алтернатива.
Да бидеме совесни граѓани и да ја одржуваме животната средина околу нас секогаш чиста.