22-ри ФЕВРУАРИ – СВЕТСКИ ДЕН ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА СТЕРИЛИЗАЦИЈА НА МИЛЕНИЦИТЕ

Во чест на СВЕТСКИОТ ДЕН за подигање на свеста за стерилизација на милениците 22-ти февруари во текот на целиот месец ФЕВРУАРИ, кој воедно е и прогласен за МЕЃУНАРОДЕН МЕСЕЦ за подигнување на јавната свест за стерилизација на милениците, ЈП ЛАЈКА започнува своја кампања која има за цел ставење акцент на важноста од стерилизација на милениците, поради контрола и намалување на популацијата на бездомни кучиња со кои се соочува градот Скопје.
Апелираме до сите сопственици кои сеуште ги немаат стерилизирано своите миленици да го сторат тоа поскоро.
Стерилизација на милениците има и други свои придобивки:
🐶 Се намалува ризикот од појава на рак;
🐶 Се намалува агресивноста кај кучињата;
🐶 Се продолжува животниот век на кучето;
🐶 Се намалува обележувањето на територијата;
🐶 Се спречува милениците да избегаат и да талкаат.
Со оваа кампања би сакале да ги информираме сите граѓани кои имаат маалски миленици дека можат да ги донесат во прифатилиштетео на ЈП ЛАЈКА на БЕСПЛАТНА стерилизација/кастрација.
Вашата пријава за бесплатна стерилизација/кастрација на маалски миленик, потребно е да ја испратите на info@lajka.com.mk

May be an image of dog and text

Leave A Comment

All fields marked with an asterisk (*) are required