6-ТИ ОТВОРЕН ДЕН ЗА ВОЛОНТЕРИ ВО ЛАЈКА
ЈП ЛАЈКА ги повикува сите љубители на кучиња на 6-тиот по ред ОТВОРЕН ДЕН, кој ќе се одржи во сабота,
.
, од 10:00-14:00ч.
Како дел од програмата на ОТВОРЕНИОТ ДЕН, волонтерите ќе имаат можност да се запознаат, дружат, забавуваат, играат, да ги чешлаат и бањаат кучињата, а истовремено да уживаат со нив во неколкучасовни едукативни и креативни активности во прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА.
Притоа ќе може да добијат информации за секое од нив, за целиот хуман третман низ коишто имаат поминато, за процесот на вдомување, како и практични совети за вдомување на куче. Градењето на хумани генерации и подигнувањето на свеста за грижа на бездомните кучиња е една од целите на програмата на ЈП Лајка.
Сите заинтересирани може да се пријават на volontiraj@lajka.com.mk.
Бројот на места е ограничен затоа е потребно да го потврдите вашето присуство.
Ве очекуваме!