ЈП ЛАЈКА и www.hranazamilenici.mk во заедничка соработка
Уште една компанија за храна и суплементи за миленици, Hranazamilenici.mk – Online shop со задоволство се приклучи во акцијата КУПИ ХРАНА И ДОНИРАЈ ЈА ЗА КУЧИЊАТА ВО ЈП ЛАЈКА! Сите граѓани кои имаат желба да донираат храна, ќе може својата нарачка да ја направат на веб страната преку www.hranazamilenici.mk.
Потребно е прво да се регистрирате, а при правање на Вашата нарачка во полето каде што треба да ја наведете вашата адреса за доставата, да пишете ЗА ЈП ЛАЈКА.
На вашата нарачка ќе добиете 5-10% попуст, зависно од производот и направената количина.
Сите нарачки наменети за ЈП ЛАЈКА, ќе бидат доставени на нашата адреса од самата компанија.

