85 СТЕРИЛИЗАЦИИ И КАСТРАЦИИ ЗА САМО 20 ДЕНА ВО МЕСЕЦ ЈАНУАРИ
Со појавата на првиот случај на distemper во прифатилиштето на ЈП Лајка крајот на минатата година, беа воведени и спроведени низа превентивни мерки. Прифатилиштето беше 30дена под целосен карантин и фокусот беше на третман на заболените кучиња со што ситуацијата во моментот е под контрола. По истекот на карантинскиот период, продолживме со редовните работни активности, вклучително спроведувањето на ветеринарни интервенции односно стерилизација и кастрација. Во период од 11.01 до 31.01.2023 се направени рекордни 85 стерилизации и кастрации.
Удел во успешното справување со овој проблем имаат и граѓаните кои во огромен број се одзваа на нашиот повик лично да донесат бездомно куче на хуман третман во прифатилиштето и за тоа сме им неизмерно благодарни.
Отворениот повик за било кој граѓанин да донесе бездомно куче на третман сè уште е во тек и ке биде се дур има ваков огромен интерес од истото.
Ги повикуваме сите граѓани да го донесат својот маалски миленик на третман, со цел уште многу успешни месеци во решавање на проблемот со бездомната популација на кучиња.