АЛЕКСАНДАР КОЈ Е ЛИЦЕ СО ПОСЕВНИ ПОТРЕБИ ДЕНЕС СЕ ВРАБОТИ ВО ЈП ЛАЈКА
Тимот на Лајка денес се збогати со уште еден нов член. Младиот и ведар Александар Велески кој е лице со попреченост денес го имаше својот прв работен ден во ЈП Лајка.
Во насока на подобро интегрирање и инклузија на лицата со посебни потреби во општеството директорот Војислав Димитровски му овозможи на Александар да си го оствари својот сон и да стане дел од работниот тим на Лајка.
Александар има големо срце и силна желба да придонесе во подобрување на благосостојбата и хуманиот третман на бездомните кучиња кои особено ги сака.
“Среќен сум што ми се даде шанса да работам во Лајка и што ќе можам да дадам личен придонес во работењето на претпријатието” вели Александар.
Подигнувањето на целокупната свест за овие социјално ранливи категории на луѓе, рушењето на стереотипите и можноста за нивно вработување се важен чекор за градење подобро општество за сите.
Се надеваме дека јавното претпријатие “Лајка” ќе биде пример за многу други институции и општествено одговорни компании за да го сторат истото.


