АПРИЛ – МЕЃУНАРОДЕН МЕСЕЦ ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ЗЛОУПОТРЕБАТА И СУРОВОСТА ВРЗ КУЧИЊАТА
Во нашето општество за жал секојдневно сме сведоци на злоупотреба, измачување и малтретирање на бездомните животни. Поради оваа причина и воедно поттикнати од приказната на Расел, ЈП Лајка се приклучува со своја кампања во одбележување на месец АПРИЛ кој е прогласен за меѓународен месец за подигање на свеста за спречување на злоупотребата и суровоста врз кучињата.
Доколку забележите бездомно куче кое било предмет на насилство, измачување и злоупотреба пријавете на info@lajka.com.mk.
Најчести индикации кај малтретирани и измачувани кучиња:
➡️Видлива исплашеност и згрченост особено во присуство на луѓе;
➡️Отворени рани или лузни;
➡️Лоши состојби на кожата или екстремно сплеткано/валкано крзно;
➡️Ослабување (коските на животното се видливи под нивната кожа);
➡️Немир во одењето, т.е куцање.
Занемарувањето на милениците исто така претставува суровост кон истите како што е: оставање на кучето да живее во лоши и нехигиенски услови односно несоодветно престојувалиште, ставање на кучето на синџир кој не му дозволува соодветно движење или може да предизвика физички повреди, оставање да живее во надворешни услови на исклучително ниски и високи температури, давање на несоодветна храна и недостаток на вода итн.
