Денес во посета на прифатилиштето на ЈП Лајка на наше огромно задоволство не посети семејството на малата Дикси од Шведска кое ја вдоми пред една година од ЈП Лајка.
Благодарение на Роберт и Сузан, Дикси доби шанса за поубав живот како швеѓанка, а дека и годи животот во Шведска доволно говорат фотографиите на нејзиниот инстаграм профил @diksiodskopje.
Драго ни е што при нивната посета во Македонија се сетија да не посетат во ЈП Лајка и не израдува заедно со малата Дикси.
Воедно им благодариме и на донацијата наменета за кучињата згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка.