ДОНАЦИЈА ОД ДМ МАКЕДОНИЈА ЗА КУЧИЊА ВО ЈП ЛАЈКА
По повод Меѓународниот ден на кучиња, 26 Август, претставници од dm drogerie markt Makedonija како општествено одговорна компанија, го посетија ЈП Лајка и донираа 12 кутии со сува храна и 350 конзерви за кучињата згрижени во прифатилиштето.
Им благодариме на оваа донаторска иницијатива.
Се надеваме дека по примерот на ДМ Македонија, многу други компании во нашата држава ќе го направат истиот чекор.

