ДОНАЦИЈА НА ХРАНА ОД ХУМАНА ГРАЃАНКА ЗА КУЧИЊАТА ВО ЛАЈКА
Благодарност до нашата хумана граѓанка, Изабела Андонова, која секоја година традиционано за својот роденден на 14-ти февруари, кој е воедно и роденден на нејзиното куче Гаја, прави по некое хумано дело. Оваа година се одлучи да помогне за кучињата згрижени за прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА и донираше 100кг храна.
Вакви примери на хумани граѓани навистина не прават среќни и ни даваат надеж дека сепак во Скопје постојат луѓе со големо срце и желба секогаш да помогнат.
Се надеваме дека Изабела ќе биде пример и за останатите граѓани да го сторат истото.
