ДРУЖЕЊЕ СО КУЧИЊАТА ОД ЈП ЛАЈКА ВО СОРАБОТКА СО ХАЛК БАНКА
Поттикнати од позитивните реакции на граѓаните од минатата успешна дружба во Градскиот Парк, ЈП Лајка изминатиот викенд заедно со својот тим повторно го реализираше овој настан во соработка и со поддршка на нашите драги пријатели Halkbank AD Skopje
Во неколкучасовна дружба во Градскиот Парк на Школка граѓаните имаа прилика да ги шетаат кучињата од ЈП Лајка, да уживаат со тимот на ЈП Лајка, да поставуваат прашања, да се информираат за нашата програма, методите на работа, како и за постапката за вдомување на куче од прифатилиштето на ЈП Лајка.
На овој настан се вдоми малата и преслатката МИНИ, едно од 7 кучиња од прифатилиштето на ЈП Лајка кои уживаа во пролетна прошетка со граѓаните.
Би сакале да и се заблагодариме и на Симона Неловска, професионална фотографка и огромен љубител на кучиња, која направи прекрасни фото записи од оваа дружба и која секој викенд бесплатно ги слика кучињата во прифатилиштето на ЈП Лајка кои се спремни за вдомување.





