ФЕВРУАРИ – СВЕТСКИ МЕСЕЦ НА СТЕРИЛИЗАЦИЈАTA КАЈ КУЧИЊАТА

ЈП Лајка се приклучува во одбележување на овој месец кој во светски рамки се одбележува со цел едуцикација на сопствениците и старателите на домашни миленици за важноста и придобивките од стерилизацијата.
ПРИДОБИВКИ ОД СТЕРИЛИЗАЦИЈА:

Кастрацијата/стерилизацијата има огромни придобивки не само на квалитетот на животот на кучето, туку и за спречување на појава од нови бездомни единки, кои претставуваат огромен општествен проблем.

1. Кастрацијата/стерилизација е најдобар начин за превенција од потомок, односно непожелни легла на кучиња.

2. Се подобрува квалитетот на животот на миленикот, односно со стерИлизација се превенира појава на тумор на репродуктивните и останатите органи, како и појава сериозни инфекции на матката, воспаленија и неретко смртоносни заболувања кај миленикот.

3. Со стерилизација/кастрација се спречува психолошкото измачување на животното, односно неговата депресија, агресивноста кон другите животни, како и бегањето од дома во потрага по партнер за да се задоволат природните нагони.

4. Се спречува неконтролирано зголемување на популација на бездомни кучиња на улиците. Само една кучка и нејзиното потомство во период од 7 години може да донесе на свет околу 67.000 нови кучиња, каде 70% од нив би биле усмртени на улица во различни околности, жртви на човечко малтретирање, труење, глад, студ, константни трауми. Просечната возраст која ја имаат кучињата на улица е две ипол години, додека во нормални услови животниот век им трае од 8-15 години.

5. Со кастрација/стерилизација се решава проблемот при прошетка на вашето куче – нема собирање на глутница мажјаци и нивно завивање кога женката е во циклус.

6. Кастрацијата/стерилизацијата нема негативно влијае врз способноста за учење на кучето, слушање наредби, интелигенција итн.

May be an image of one or more people, dog and text