GOODIES И ЈП ЛАЈКА ЗАПОЧНУВААТ СОРАБОТКА
ЈП Лајка најавува уште една убава соработка со најдобрата храна за миленици Goodies.
Започнувајќи од 1-ви Октомври, месецот кога го славиме и одбележуваме 2-от роденден на јавното претпријатие за бездомни кучиња “Лајка”, Goodies подарува ваучер за 3кг сува храна на секој граѓанин кој ќе вдоми миленик од прифатилиштето на ЈП Лајка.
Со оваа соработка, сакаме да ги
поттикниме и стимулираме граѓаните кои се размислуваат да земат домашен миленик, својот избор да го направат одбирајќи некое од бездомните кучиња кои го имаат поминато хуманиот третман во “Лајка”.
ЈП Лајка и Goodies преку оваа соработка,заеднички ја продолжуваат кампањата за градење култура за вдомување на бездомно куче и подигање на свеста за одговорно сопствеништво.
