ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА МААЛСКИТЕ МИЛЕНИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТНИОТ ПЕРИОД
Летните тропски температури во нашата држава веќе се искачуваат и до 40 степени, температура која е опасна по здравјето не само за луѓето, туку и за бездомните кучиња и мачки. Улиците низ градот Скопје се живеалиште на многу бездомни кучиња, кои во текот на летниот период бараат секогаш ладовина и извор на вода. Со цел да им помогнеме на маалските миленици да ги преживаат летните горештини, советуваме да им направите соодветно живеалиште на место каде има сенка и да им ставате свежа вода неколку пати во текот на денот.