ХЕРОИ НА ДЕНОТ💪🐕❤
Денес по пријава на вработените од фабриката Цементарница Усје, во скопската населба Кисела Вода, заловувачите од прифатилиштето на ЈП Лајка, Магдалена и Тони, во својата заловувачка акција, херојски извадија и спасија три бездомни кучиња паднати во базен/таложник во кои се собираат атмосферски води од кругот на фабриката пред нивно пречистување.
Трите кучиња од голем страв избегале преку каналот кога здогледале луѓе и стигнале до големата шахта, од каде со тешки напори, но со голема упорност овие двајца наши херои успеале да ги извадат. Би сакале да им се заблагодариме и на вработените од оваа фабрика, кои асистирале и им помогнале на заловувачите во оваа акција. Спасените кучиња, од кои две женки (една од нив скучна) и еден мажјак се наоѓаат веќе згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка. Ова херојско дело заслужува голема пофалба, им благодариме на Магдалена и Тони за брзата, ефикасна и хумана реакција во овој херојски чин.

