ХУМАНИТАРЕН БАЗАР ЗА КУЧИЊАТА ВО ЈП ЛАЈКА
Преубава саботна дружба со граѓаните и посетителите на хуманитарниот пролетен базар организиран за кучињата од прифатилиштето на ЈП Лајка кој се одржа денес во Зоолошката градина во Скопје.
Им благодариме на сите хумани граѓани кои купувајќи дел од изложените експонати донираа за кучињата згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка.
Ова е прв хуманитарен базар во соработка со Зоолошката градина – Скопје, со кои што успешно градиме заедничка соработка во кампањи и настани со кои ја подигнуваме свеста кај граѓаните за хуман третман и благосостојба на животните.






