ХУМАНИТАРЕН БАЗАР ЗА КУЧИЊАТА ВО ЈП ЛАЈКА ВО СОРАБОТКА СО ЗОО-СКОПЈЕ

ЈП Лајка и Зоолошка градина – Скопје ве покануваат оваа сабота, 16.04.2022 на ХУМАНИТАРЕН БАЗАР за кучињата во прифатилиштето на ЈП Лајка. Хуманитарниот базар е дел од кампањата “Милениците се наше семејство,не ги напуштајте!”, која успешно се спроведува преку различни активности и настани изминатите неколку месеци.
На овој хуманитарен базар со свои ракотворби може да се пријават сите хумани граѓани, активисти и љубители на животни, деца и млади креативци, пријатели и поддржувачи на ЈП Лајка.
Доколку сакате да придонесете за кучињата згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка и сакате да се пријавите со свои уметнички ракотворби испратите меил на info@lajka.com.mk. Повикот за учесници трае до петок.
Се гледаме во Зоолошката градина во сабота од 11:00 до 15:00 часот.
May be an image of one or more people, dog and text that says 'донирај за кучината во 30 JN лајка! JN лајка и 300-скопје ве покануваат на хуманитарен базар сабота, 16.04.2022 време: 11:00 15:00 локација: зоолошка градина за учество на базарот креативни сокреативниракотворби ракотворби испратете меил на info@lajka.com.mk'