Информација за јавноста
Почитувани граѓани на општина Аеродром
Би сакале да ве известиме дека од понеделник, 13.март. 2023 г. заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Аеродром.
Имено, нашиот тим на заловувачи следната недела (13-17. март) ќе заловува во општина Аеродром и тоа во следните реони: Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски Центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово.
Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман.
Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk