ИРИНА ТОШЕВА И ЈП ЛАЈКА ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА МЕЃУСЕБНА СОРАБОТКА

ЈП Лајка и македонската модна дизајнерка и огромен љубител на животни, Ирина Тошева потпишаа меморандум за меѓусебна соработка.
Во текот на следните месеци во соработка со Тошева ќе се организираат неколку активности, меѓу кои и моден настан на уникатни парчиња облека и додатоци за миленици изработени од текстилни остатоци и рачни доработки, со што ќе се означи официјалниот почеток на првиот моден бренд за миленици кај нас, насловен како „Mини Ирина Тошева“.
“Во процесот на изработка и транспортот на производите учествуваат маргинализирани лица и лица со ниски животни примања. Целата комуникација со јавноста ќе биде фокусирана на подигнување на свеста за правата и благосостојбата на животните, преку активно вклучување на граѓанските организации и локални шелтери”, вели Ирина.
Во промотивните активности, модели ќе бидат кучињата од прифатилиштето на ЈП Лајка кои ќе ги носат парчињата облека на Ирина. Модните парчиња за миленици ќе бидат достапни за продажба онлајн и во локални пет шопови, а дел од средствата ќе бидат наменети за кучињата во “Лајка”. Планирани се и едукативно-креативни работилници на кои граѓаните и љубителите на кучиња ќе може да земат учество.
Со ова го најавуваме почетокот на успешна соработка со оваа афирмирана модна дизајнерка, која што има за цел не само да ја подигне свеста кај граѓаните за бездомните кучиња, туку и да ги поттикне останати македонски креативци да го сторат истото, во рамки на својата дејност и можности.

May be an image of 2 people

May be an image of flower

No photo description available.

Leave A Comment

All fields marked with an asterisk (*) are required