ИЗЛОЖБА НА КУЧИЊА ЈП ЛАЈКА И КИНОЛОШКИ СОЈУЗ НА РМ

Изминатиот викенд на 22.05 (недела) во хотелот Белви во Скопје, се одржа по прв пат изложба на нерасни кучиња организирана од ЈП Лајка во соработка со Кинолошкиот сојуз на Р.М. На настанот беа пријавени околу 50 кучиња, чиишто сопственици аплицираа во неколку од 15 забавни категории: “Најубава женка“, „Најубав мажјак“, „Најигриво куче“, „Најубаво куче (над 10 години)“, „Каков сопственик, такво куче“, „Омилено куче на судиите“, „Најубаво куче со посебни потреби“, „Куче со посебни манири“, „Најубаво стилизирано куче“, „Најдобро големо куче“, „Најубаво бушаво куче“, „Најслатко мало куче“, „Куче што знае најдобро да води дете“, „Најубаво куче со спортски дрес“, „Најубаво куче од вдомени кучиња“ и „Куче со најубави очи“.

May be an image of 12 people, outdoors and text that says 'лajKa LAJKA LAJKA LAJKA'

Настанот го водеше Јаглика Петковска од емисијата „Едноставно заводливо“, а додека пак судии беа Maja Трпчановска, уредник на емисијата “Едноставно заводливо“ и Габриел Стибел, меѓународен кинолошки судија кои ги даваа своите оценки за кучињата и одлучуваа за најпретставителните во секоја категорија.
Поради големиот интерес во одредени категории ЈП Лајка одлучи да даде повеќе награди, односно 1, 2 и 3 место за најдобрите кучиња.
May be an image of 13 people, people standing, dog and outdoors
Победниците добија сертификат за освоено 1 место во секоја категорија и награди од нашите соработници и пријатели Goodies, Advance и Луна Пет Шоп.
“Изложбата за кучиња од овој карактер за прв се случува во нашата држава и ни е особено драго што токму ЈП Лајка е организатор на истата во соработка со Кинолошкиот сојуз на РМ. Целта на овој настан беше да им се даде еднаква можност и привилегија и на кучињата кои не се припадници на одредена раса и немаат педигре, а истовремено нивните сопственици гордо да ги презентираат своите миленици со нивните физички и карактерни особини”, вели директорот на ЈП Лајка, Војислав Димитровски.
May be an image of 5 people, people standing, dog and outdoors
Овој настан беше од забавно-едукативен карактер и имаше за цел да ја зголеми јавната свест за вдомување на бездомните кучиња, кои се подеднакво подобни за живот во семејство.
Поради големиот интерес и позитивни впечатоци на граѓаните и посетителите, ЈП Лајка размислува да ја реализира оваа активност повторно до крајот на годината.