ИЗЛОЖБА НА КУЧИЊА – ЈП Лајка во соработка со Кинолошки сојуз на Р.М

Почитувани граѓани,
Ни претставува голема чест и задоволство, да ве поканиме на првата ИЗЛОЖБА НА КУЧИЊА, која ЈП ЛАЈКА ја организира во соработка со Кинолошки сојуз на Р.М оваа недела, 22.05.2022, во 10:00часот.
Идејата на овој настан е да им се даде еднаква можност и привилегија на сите кучиња кои не се расни, да учествуваат на една професионална изложба каде сопствениците ќе може гордо да ги презентираат своите миленици, истакнувајќи ги нивните позитивни карактерни особини и таленти.
Ќе има различни фан категории во кои секој сопственик може да го пријави своето куче: најубаво стилизирано куче, најигриво, куче што личи на својот сопственик, омилено куче на судиите, најубава женка, најубав мажјак, најубаво куче во спортски дрес…итн.
Настанот ќе биде од забавно-едукативен карактер и ќе има за цел промовирање на кампањата за вдомување на бездомни кучиња.
На оваа изложба може да се пријават сите граѓани кои имаат домашен миленик мешавина од различни раси, а воедно ќе бидат поканети сите оние кои досега вдомиле куче од прифатилиштето на ЈП Лајка.
Доколку сакате да земете учество задолжително е да ја пополните следната апликација
Во самата апликација ги имате наведено сите фан категории. Секој сопственик може да аплицира со своето куче во повеќе категории истовремено.
*** Пријавувањето е отворено до 20.05.2022 година, 16:00часот ***
Се гледаме во недела!