ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МИКРОЧИПОВИТЕ НА ПРИФАТИЛИШТЕТО НА ЈП ЛАЈКА

По низа пораки и реакции на наши сограѓани, Ве известуваме дека Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници Лајка Скопје од своето отварање на 14.10.2020 година активно работи на заловување и третман на бездомните кучиња, подигнување на свеста на граѓаните за одговорно сопствеништво и вдомување на бездомни кучиња.

ЈП Лајка Скопје од страна на ЗЕЛС има доделено 6500 микрочипови со 17 контигенти и тоа:

1. 807050000076801 – 807050000077200
2. 807050000100401 – 807050000100800
3. 807050000101601 – 807050000102000
4. 807050000103601 – 807050000104000
5. 807050000104001 – 807050000104400
6. 807050000104801 – 807050000105200
7. 807050000105201 – 807050000105600
8. 807050000105601 – 807050000106000
9. 807050000106001 – 807050000106400
10. 807050000106401 – 807050000106800
11. 807050000107201 – 807050000107600
12. 807050000108001 – 807050000108400
13. 807050000108401 – 807050000108800
14. 807050000108801 – 807050000109200
15. 807050000109201 – 807050000109600
16. 807050000112801 – 807050000113200
17. 807050000114001 – 807050000114400

Агенцијата за храна и ветеринарство како државен орган за вршење надзор врз работењето на прифатилиштата како и овластен орган за водење регистри и евиденција за домашните животни, се до 22.01.2021 година немаше овозможено пристап на ЈП Лајка Скопје до ИСАХВ – информативно ветеринарниот систем, за што претпријатието во меѓувреме водеше уредна евиденција самостојно.
И покрај тоа што на 22.01.2021 АХВ овозможи пристап до ИСАХВ, но само во модулот на системот со БЕЗДОМНИ КУЧИЊА (но не и во модулот на системот со домашни миленици), истиот е нефункционален и нецелосно оперативен.

Доделените микрочипови во сопственост на ЈП Лајка од горенаведените контингенти не се евидентирани и видливи за сите кои имаат пристап до ИСХАВ (освен за АХВ), иако се доделени на ЈП Лајка и дел од нив уредно внесени во модулот од системот за бездомни кучиња, а дел воопшто немаат можност бидејќи самиот систем не ги прифаќа.

Сакаме да ја информираме јавноста дека сме во интензивна комуникација со АХВ кај кои е алармирано во повеќе наврати за решавање на проблемот и добивање целосен пристап и во двата молули, како и отстранување на сите ограничивувања кои го кочат и успоруваат тековниот процес на работа.

До отстранување на сите пречки за нормално функционирање на тековните и законски активности им се извинуваме на сите граѓани кои вдомиле кучиња од ЈП Лајка Скопје, а сеуште не ги имаат микрочиповите од вдомените миленици на свое име.

Во последниве неколку денови ЈП Лајка воопшто нема никаков пристап во ИСХАВ но се надеваме на брзо надминување на техничките проблеми од страна на АХВ.

Апелираме до сите граѓани кои ќе најдат куче со некој од горенаведените контингенти на микрочипови, а не можат да го прочитаат сопственикот во базата за домашни миленици, ВЕДНАШ да не контактираат на info@lajka.com.mk бидејќи единствен сопственик на истите во моментов е само ЈП Лајка Скопје.

Leave A Comment

All fields marked with an asterisk (*) are required