ЈП „Лајка“ и ААПЗ пронајдоа топол дом за малата Мила

Полека, но сигурно се подигнува свеста кај граѓаните за вдомување на кучиња од прифатилиштето ЈП „Лајка“.

-Со особена радост ве информираме дека успешно пронајдовме спокоен и топол дом за малата Мила. Ова мало кутре е едно од преживеаните пет кученца од сугорат мајка. Бездомната кучка, која по пријава беше заловена од нашиот тим, откако ги загуби нејзините тукушто  родени кучиња, мајчински ги згрижи малите непрогледани кутриња кои беа фрлени на нива во скопската населба Кисела Вода, кротката Мила е една од нив- велат од претпријатието ЈП „Лајка“.

Мила е родена на 23 јули, ќе биде со среден раст, има примено две вакцини.

Ова хумано дело е награда за нашата пожртвувана работа и посветеност на нашиот тим.

ЈП „Лајка“ изразува огромна благодарност ААПЗ (Асоцијација на активисти за правата на животните) со чија заедничка соработка успешно ги реализираме нашите замисли.

Доколу сакате да внесете радост во вашиот дом ЈП „Лајка“ ве замолува да аплицирате за вдомување на кученце преку следниов маил: vdomi@lajka.com.mk

Досега „Лајка“ има вдомено над 150 кучиња во земјава и во странство.

 

 

Leave A Comment

All fields marked with an asterisk (*) are required