ЈП ЛАЈКА И GOODIES ЗАПОЧНУВААТ НОВА СОРАБОТКА
Заедно со нашите досегашни пријатели Goodies Milenicinja.mk ви најавуваме уште една интересна соработка.
Поттикнати од интересот на граѓаните кои имаат желба да донираат храна за кучињата во ЈП Лајка, а не се во можност да дојдат директно во прифатилиштето и да ја донесат, решивме да спроведеме една донаторска акција.
Сите хумани граѓани кои ќе сакаат да донираат храна за кучињата во Лајка, ќе можат да купат од сајтот www.moemilenice.mk и на истата ќе добијат 10% попуст.
Купената храна наменета за ЈП Лајка, Goodies ќе ја доставуваат до нас на месечно ниво.
