ЈП ЛАЈКА и ЗОО – Скопје со поддршка на Град Скопје ве покануваат на завршниот настан за кампањата “Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!”

Програма на настанот:
19:00 – Отворање на настанот – Весна Петрушевска.
19:15 – 20:30 – Базар од хуманитарен карактер за кучињата згрижени во прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА и едукативна панел дискусија.
20:00 – Обраќање на режисерот на филмот „СТЕЛА”, Стојан Вујичиќ, кој ќе ја отвори кино проекцијата заедно со кучето Стела, шарпланинката која е главен лик во истоимениот македонски филм.
20:30 – 22:00 – ЛЕТНО КИНО ПОД ОТВОРЕНО НЕБО
Кино проекција на македонскиот филм “СТЕЛА” (2020 година)
Главни улоги: Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ.
Локација: Школка
22:00 – Презентација на видео со македонски познати ѕвезди за кампањата “МИЛЕНИЦИТЕ СЕ НАШЕ СЕМЕЈСТВО, НЕ ГИ НАПУШТАЈТЕ!”
*** За отвореното кино посетителите ќе можат да уживаат во филмот “СТЕЛА” заедно со своите миленици. Посетителите е потребно да си донесат престилки или ќебенца за седење.
Воедно сакаме да ги информираме граѓаните дека зелената површина која ќе биде наменета за седење и следење на филмот, ќе биде третирана против болви и крлежи, па посетителите безгрижно ќе можат да уживаат со своите миленици.***