ЈП ЛАЈКА НА СРЕДБА СО ШТИПСКОТО КОМУНАЛНО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ

Директорот на ЈП Лајка – Скопје, Војислав Димитровски заедно со претседателката на Управниот одбор на ЈП Лајка, Милка Докузова деновиве одржаа состанок со раководството и претставниците на штипското јавно комунално претпријатие.
На овој работен состанок се разгледуваа и дискутираа неколку значајни прашање во однос на изготвување на план стратегија за решавање на долгогодишниот проблем со бездомните кучиња со кој се соочува градот Штип.

Воедно оваа средба значи и воспоставување долгорочна меѓусебна соработка помеѓу градовите Скопје и Штип, во насока на разменување на искуства, решенија и програма за идни кампањи за подигање на јавната свест во однос на бездомните кучиња, едукација на граѓаните и водење логистика.

May be an image of 6 people, people sitting and indoor