ЈП ЛАЈКА ЗАПОЧНУВА СО БРОЕЊЕ НА КУЧИЊА НА ТЕРИТОРИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ
Јавното претпријатие “Лајка” започнува со броење на бездомни кучиња на територија на град Скопје. Прва пробна општина каде е направено броење на кучиња е Аеродром.
Планирани се 3 таргети на броење на Скопје, по општина, на ниво на град и утврдени „хот спот“ локации, на кои е детектирана најголема присутност на бездомни кучиња.
Утре, 16.09.2022 година, ЈП Лајка ќе започне со броењето на кучиња на ниво на град Скопје. Броењето ќе спроведува рано наутро во 5:30 часот, на утврдена рута од 20 до 25км.
Оваа акција предвидено е да трае околу 3 ипол часа.
Движењето по оваа рута ќе биде со велосипед.
Движењето по оваа рута ќе биде со велосипед.
