ЈП „Лајка“ се соочува со континуиран проблем со базата на податоци
Од понеделникот па се до сега не можеме никако да внесеме нов запис ниту веќе постоечки да го ажурираме.
Ова е секојдневна пречка во нашето работење и навистина станува неподнослива и неприфатлива, со оглед на тоа што базата ни е фундаментален дел од нашето секојдневно работење . Сакаме да потсетиме дека со овој проблем се соочуваме од почетокот на нашето отварање – 14.10.2020 година, а првиот пристап во базата го добивме почетокот на март 2021 каде што ретроактивно деноноќно внесувавме сè што сме сработиле од самиот почеток.
Во очекување на решавање на проблемот со системот им се извинуваме на сите вдомувачи кои нетрпеливо очекуваат да ги вдомат своите крзнени пријателчиња и веруваме во добра понатамошна соработка со АХВ.
Се надеваме дека со овој проблем нема да ги обесхрабриме идните вдомувачи и дека и овој предизвик ќе биде само дополнителен мотив да ја продолжиме нашата мисија.
Ви благодариме за разбирањето.