ЈП ЛАЈКА ВО ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА ДЕТСКАТА ЕМИСИЈА “ОКеј” на Канал 5 Телевизија
Директорот на ЈП Лајка, Војислав Димитровски вчера беше дел од второто издание на детската забавна емисија “ОКеј” која се емитува секоја недела во 11:00ч на Канал 5 Телевизија.
На ова гостување децата имаа прилика да се дружат и со Лаци, четиригодишниот вајмарски птичар, кое е едно од кучињата згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка на кое сеуште му бараме дом.
Лаци уживаше во нивното присуство, во нивната позитивна енергија и смеа, за што доволно говорат и самите фотографии.
,