КАТАЛОГ НА КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ (25-31.08.2022)
КАТАЛОГ НА КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ https://issuu.com/jplajka/docs/_f8fad2cb112e4b
ЈП Лајка како дел од своите тековни активности на неделно ниво ќе објавува каталог на кучиња за вдомување, кои се моментално згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка. Сите кучиња во овој каталог го имаат поминато хуманиот третман во ЈП Лајка и граѓаните можат да аплицираат веднаш за некое од нив.
Самиот каталог ќе ги сочинува основните информации и карактеристики за секое наведено куче.
Секој заинтересиран граѓанин кој сака да аплицира за вдомување на куче, потребно е да ја испрати својата пријава на vdomi@lajka.com.mk, да го наведе името на кучето за кое аплицирана и на истата пријава ќе добие прашалник за вдомување кој е потребно да го пополни.
Врз основа на прашалникот, ќе биде уредно контактиран и ќе му биде закажана средба во прифатилиштето на ЈП Лајка.
Овој каталог ќе биде објавуван на неделно ниво на социјалните мрежи на претпријатието, ажуриран и надополнет со нови кучиња.
Целта на овој каталог е граѓаните на поедноставен начин и на едно место да имаат увид за сите кучиња кои во моментот се достапни за вдомување.