КЕРБЕР, ДИСЛОЦИРАН НА ДРУГА ЛОКАЦИЈА И СПАСЕН ОД АГРЕСИВНИ КУЧИЊА

КЕРБЕР беше заловен минатата година и згрижен во прифатилиштето на ЈП Лајка, по хуманиот третман, поради немање интерес за вдомување беше вратен во локација од каде беше заловен во скопската населба Бутел.

Кербер овие денови беше објавен на социјалните мрежи од граѓани кои го затекнале во околината на с.Ракотинци, каде веројатно бил дислоциран од граѓани. Вработено лице од јавното претпријатие “Лајка”, отиде на самата локација каде добивме информација дека се наоѓа и го спаси од доминантни и агресивни кучиња кои се обиделе да го нападнат.
Кербер во моментов се наоѓа во прифатилиштето на ЈП Лајка и му бараме повторно дом.

Кербер иако изгледа строго и сериозно, има прекрасен карактер, питом, весел, дружељубив, одлично се сложува со други кучиња и сака да си игра. Ужива во долги прошетки и забавни активности на отворено, знае да оди на поводник. Со луѓе се однесува одлично, сака да се гали.

Го има поминато хуманиот третман, има уредна крвна слика и негативен тест на лишманија по акредитирана метода. Го добивате со пасош, кастриран, прочистен од внатрешни и надворешни паразити, чипиран, вакциниран против беснило и заразни болести.

Вдомувањето е БЕСПЛАТНО.

За подетални информации и прашалник за вдомување можете да ни пишете на vdomi@lajka.com.mk.

May be an image of 2 people, dog and outdoors