КИНО ПОД ОТВОРЕНО НЕБО🎬🐶

Како дел од настанот кој оваа недела ЈП ЛАЈКА во соработка со ЗОО-Скопје го организира во Градскиот парк на Школка, ќе се прикажува македонскиот филм “СТЕЛА” на Стојан Вујичиќ.
Ги покануваме сите граѓани кои имаат миленици, како и оние кои немаат, а се љубители на македонската кинематографија, да ни се придружат во гледање на една интересна филмска приказна каде главен лик е кучето Стела.
Филмската проекција започнува во 20:30часот, а пред почетокот на филмот претставник од филмската продукција на овој филм заедно со ѕвездата на овој филм,кучето Стела ќе го најават прикажувањето на истиот.
Граѓаните кои ќе дојдат да го проследат филмот “Стела” потребно е да си земат платнена престилка или ќебенце со себе.
Воедно сакаме да ги информираме граѓаните дека зелената површина која ќе биде наменета за седење и следење на филмот, ќе биде третирана против болви и крлежи, па посетителите безгрижно ќе можат да уживаат со своите миленици.
Голема благодарност до нашите соработници, пријатели и спонзори на поддршката и придонесот во реализација на овој настан и целокупната кампања “Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте”: Град Скопје, Универзална сала, МКЦ, Халк Банка, Пелистерка, Луна Пет Шоп, Гудис, Вива, Мако маркет, Пиксел Принт, Телма ТВ, Канал 5 и МТВ.
Се гледаме во недела!