КОНКУРС ЗА НАЈУБАВА ПРАЗНИЧНА ФОТОГРАФИЈА СО ВАШЕТО КУЧЕ

Во пресрет на празничниот период од годината, кога социјалните мрежи се преполни со новогодишни фотографии од миленици, решивме да направиме една интересна фото креативна иницијатива, односно КОНКУРС ЗА НАЈУБАВА ПРАЗНИЧНА ФОТОГРАФИЈА СО ВАШЕТО КУЧЕ.
 
Во изминатите две години во нашата земја се вдомени преку 300 кучиња од прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА, па ги покануваме сите досегашни вдомувачи да се пријават и учествуваат на овој конкурс со своите миленици од “Лајка”, а секако поканата за учество е отворена и за сите останати сопственици на кучиња.
 
ПРАВИЛА НА УЧЕСТВО:
 
🎄Секој сопственик може да учествува со
со најмногу 3 фотографии и е потребно да ги испрати на 📩fotokonkurs@lajka.com.mk.
 
🎄Можете да го сликате вашиот миленик сам или и вие да бидете дел од самата фотографија.
 
🎄Повикот трае до 23.12.2022 год. кога ќе бидат објавени среќните добитници.
 
🎄Ќе бидат избрани 3 најубави фотографии. Секој добитник ќе добие новогодишно пакетче со различни подароци од нашите соработници.
 
🎄Бидете креативни, откачени, одберете весен, декоративен амбиент, сликајте ги вашите кучиња во домашна атмoсфера или надвор од домот, а ние нестрпливо ќе ги очекуваме вашите фотографии.
 
Со сите фотографии кои ќе учествуваат на овој конкурс ќе биде изработено празнично видео и објавено на 31.12.2022 година, како дел од кампањата ЖИВОТОТ СО МИЛЕНИК Е ПОУБАВ, ВДОМИ КУЧЕ!🐶🐾

May be an image of ‎text that says '‎. конкурс за најүбава празнична фотографила CO вашето куче испратете ги вашите фотографиина fotokonkurs@lajka.com.mk најдоцна до 23.12.2022 در лајка скопје‎'‎

Leave A Comment

All fields marked with an asterisk (*) are required