КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ОД СТУДЕНТИТЕ ОД СЕМОС ЕДУКАЦИЈА ВО СОРАБОТКА СО ЈП ЛАЈКА

Како да се биде среќен?
Чекор 1: Вдоми куче.
Чекор 2: Сакај го како дел од семејството.

Кучињата нè учат на безусловна љубов, лојалност и искрено пријателство.
Semos Education, како општествено одговорна компанија и пријател на ЈП ЛАЈКА – Скопје, директно учествува во нивната мисија – вдомување на кучиња преку проектите на студентите од Акредитираната Академија за графички дизајн.

Прекрасните постери кои студентите ги изработија по предметот Дизајн процес, под менторство на проф. Даниела Спасева зрачат со емпатија, креативност и желба да се спасат и заштитат бездомните кучиња.

Чест ни е да соработуваме заедно и на креативен начин да придонесеме што повеќе луѓе да вдомат и добијат најдобар пријател – куче.

Не купувај, вдоми!
