Кучиња Црно и КОки се згрижени и сеуште се наоѓаат во Лајка

Би сакале да ја информираме јавноста во врска со шпекулациите на социјалните мрежи за наводно исчезнување на кучиња од прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА.

Кучето Црно кое во нашата евиденција е под името Мепсо, беше заловено во централното градско подрачје, по пријава за напад врз наша сограѓанка и нејзиниот миленик е згрижено и сеуште се наоѓа во прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА.

Најостро ги демантираме сите гласини дека кучето е исчезнато или еутанизирано. Напротив, иако Мепсо го има поминато комплетно целиот хуман третман во нашето прифатилиште, тим на негователи и дресер континуирано и трпеливо работат на негова ресоцијализација и минимизирање на неговата агресија.

Исто така и кучето Коки кое беше заловено од истата локација сеуште е во нашето прифатилиште и за него бараме искусен вдомувач, со кого ќе може да ги надмине сите стравови. Неговото однесување е променливо и трпеливо работиме на стекнување на неговата доверба.

Ги применуваме успешно сите стандардни техники и методи, што е видливо врз нивниот позитивен прогрес на однесување.
Нагласуваме дека кучињата се под постојан надзор и истите комуницираат со точно одредени вработени на кои веќе почнува да им верува. Секој дополнителен стрес или непочитување на нивната дневна рутина би не вратил чекор назад.
Посетите на овие истрауматизирани кучиња од страна на лица кои не се стручни, под полна одговорност изјавуваме дека не се дозволени и истите би значеле ризик и експеримент.

🎬Овде ќе можете да го погледнете кучето Мепсо: https://www.youtube.com/watch?v=gpBVqseChAM&feature=youtu.be
и кучето Коки https://www.youtube.com/watch?v=UKJOXJ_-204&feature=youtu.be.

Leave A Comment

All fields marked with an asterisk (*) are required