КУЌИЧКА ОД ВАС Е НАДЕЖ ЗА НАС, ЈП ЛАЈКА И ИВО НЕЛОСКИ ВО ЗАЕДНИЧКА ХУМАНА ИНИЦИЈАТИВА
ЈП Лајка заедно со младиот талентиран Иво Нелоски, студент на Акредитираната програма за графички дизајн при Semos Education кој го изработи ова прекрасно креативно решение, започнуваат една хумана иницијатива. Идејата на овој проект е да се поттикнат добрите луѓе кои ги сакаат кучињата и се грижат за своите маалски миленици, да направат куќички и да им обезбедат топло и сигурно живеалиште, кое ќе им помогне да се засолнат и заштитат од ниските температури во овој зимски период. Се што е потребно е само добра волја, материјали и алатки кои сите ги имаме во нашите домаќинства.
Заедно можеме да изградиме едно поинакво хумано општество и да придонесеме за подобрување на животот на овие кучиња кои живеат напуштени на улица.
Му благодариме на Иво на ова креативно дело, му посакуваме уште многу успешни проекти во иднина.