МАЈ – МЕЃУНАРОДЕН МЕСЕЦ НА МИЛЕНИЦИТЕ
Прифатилиштето на ЈП Лајка од почетокот на година до сега направи значаен исчекор во подигнување на културата за вдомување на бездомни кучиња, вдомувајќи околу 130 прекрасни кучиња.
Продолжуваме и понатаму да градиме успешни резултати преку спроведување на кампањи и отворени денови преку кои ќе ги едуцираме граѓаните за грижата кон бездомните животни, придобивките од вдомување на бездомно куче и чување на миленик.
Одбележувајќи го овој месец кој е посветен на милениците, би сакале да ве потсетиме на ОТВОРЕНИОТ ДЕН во ЈП Лајка, оваа сабота на 14.05.2022 година од 11:00 до 15:00 часот.
Ве очекуваме на заедничко дружење!

