МАЈ – МЕЃУНАРОДЕН МЕСЕЦ ЗА МИКРОЧИПИРАЊЕ НА МИЛEНИЦИТЕ

Со одбележувањето на овој месец, ЈП ЛАЈКА преку своја кампања има за цел да ја истакне важноста од микрочипирање на домашните миленици. Микрочипот обезбедува сигурна и трајна идентификација, што во голема мера ја зголемува веројатноста доколку вашиот домашен миленик се изгуби, да биде вратен во својот дом. Микрочипот кој е најдобриот начин да ги обединат повторно милениците со нивните сопствени
Микрочипот ја извршува својата функција само доколку е регистриран со ажурирани информации во базата на податоци за домашни миленичиња, како за миленикот така и за сопственикот.
Согласно одредбите на Законот за заштита и благоостојба на животите Сопствениците на кучиња и мачки имаат обврска да го идентификуваат и регистрираат својот домашен миленик.
Во таа насока, преку оваа кампања прифатилиштето на ЈП Лајка има за цел да ја подигне јавната свест за градење на култура на одговорно сопствеништво и грижа за благосостојбата на кучињaта.

May be an image of 1 person, dog and text