МАЛАТА ПЕПИТА ВДОМЕНА ОД ПРИФАТИЛИШТЕТО НА ЈП ЛАЈКА ВИ ПОСАКУВА СРЕЌНИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ ЗАЕДНО СО ЏАГО
Пред 5 месеци за Пепита добивме апликација за вдомување од семејство од Велика Британија, кое со години веќе чуваат куче пудлица. По успешно спроведените интервјуа заедно со Happy Tails United едногласно одлучивме дека Пепита заслужува да се вдоми во ова прекрасно семејство.
Пепита се вклопила одлично уште од првиот ден во новиот дом, како со членовите на семејство, така и со нивниот постар миленик Џаго, со кој денес се неразделни пријатели.
Благодариме на семејството Андерсон на одлуката да вдомат куче од Македонија. Фотографиите и видеата кои ни ги испраќаат и не известуваат за Пепита, не ги топлат срце и не прават особено среќи што го направивме вистинскиот избор за уште едно куче успешно вдомено надвор од нашите граници.
Веруваме дека за секое бездомно куче постои дом, само потребна е желба и љубов. На улиците има илјадници кучиња, гладни, премрзнати, изгубени, исплашени оваа зима, кои не бараат ништо повеќе од топол дом, љубов и грижа.
Вдомете бездомно куче и прославете ги празниците на поинаков начин!
Бидете хумани, секое куче заслужува да има поубав и посигурен живот од оној на улица.


