МАМУТ СО СВОЕТО СЕМЕЈСТВО ВО ПОСЕТА НА ЈП ЛАЈКА
Преубавиот Мамут беше заловен пред неколку месеци и згрижен во прифатилиштето на ЈП Лајка, по извршените испитувања од страна на ветеринарниот тим на ЈП Лајка му беше дијагностицирана дирофиларија за која што добиваше соодветна терапија.
Неговото ново семејство од Велес и покрај неговата моментална здравствена состојба, реши да го вдоми и со тоа прифати одговорно да се грижи за неговото здравје и да продолжи со шетсмесечната терапија за дирофиларија.
Им благодариме на хуманото дело, што неговата здравствена состојба не само што не ги спречи да го вдомат, туку напротив таа им беше дополнителен мотив да му подарат поубав и посреќен живот.