МАСКОТИТЕ СТЕЛА И САНИ ДЕЛ ОД РОДЕНДЕНСКАТА ЗАБАВА ЈП ЛАЈКА

Роденденот на ЈП Лајка, не би бил роденден ако не помислиме и на најмладата публика и поддрржувачи на “Лајка”, кои овие 2 години активно се дружеа со нас, редовно присуствуваа на сите наши настани и забавни емисии, волонтираа во ЈП Лајка, беа дел од отворените денови каде се едуцираа за бездомните кучиња, но и заедно со своите родители направија хумано дело вдомувајќи куче од прифатилиштето на ЈП Лајка.

Токму затоа, во знак на благодарност, ЈП Лајка на роденденската забава на 📆29.10.2022 (сабота) во кафе бар Дневна доза кафе од 🕙11:00 – 15:00часот, им најавува забавен дел каде ќе можат да се дружат со маскотите Стела и Сани.

Ве очекуваме со вашите родители и домашни миленици! 🐾🐶🐕🎉🎂

May be a cartoon of child, dog and text that says 'села U CaHu let's let'. get party! party 2 роденден 11:00-15:00 Jா AAJKA сабота кафеб 29.10.2022 дневна доза дозакафе ΚΑΦΕ co маскотите стела и сани детски забавен дел'